top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Џејмс Камерон го споредува „Аватар 2“ со „Господарот на прстените“

Режисерот Џејмс Камерон во интервју го спореди претстојното продолжение „Аватар: Патот на водата“ (Avatar: The Way of Water “) со „Господарот на прстените“ на Питер Џексон. Добивај вести на вибер Во интервјуто, режисерот вели дека сака да раскаже една поголема приказна и да остави влијание како серијалот романи на Толкин и филмовите на Питер Џексон. „Во тоа време им реков на ‘Фокс’: ќе го направам тоа, но тука мора да играме поголема игра. Не сакам само да направам каков било филм и да го снимам. Сакам да раскажам поголема приказна“, рече Камерон. „Замислете да постои серија романи како Господарот на прстените, а ние ги адаптираме“. Сега, тоа беше одлично теоретски, но потоа морав да одам да ги создадам чудните романи кои ќе ги адаптирам.“ Слично на трилогијата на Џексон, „Господарот на прстените“, Камерон ги снимаше продолженијата на „Аватар“ едно по друго. По објавувањето на The Way of Water, третиот филм се очекува да дебитира во декември 2024 година. Четвртиот и петтиот филм ќе следат на секои две години. На Камерон не му било лесно да дојде до таков договор.



1 view

Comments


bottom of page