top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Џејда Пинкет Смит се огласи за оскаровската шлаканица: Продолжуваме понатаму

Во новата епизода од нејзиното ток-шоу, Џејда Пинкет Смит конечно проговори за инцидентот што се случи на овогодишното доделување на „Оскарите“, кога нејзиниот сопруг Вил Смит му удри шлаканица на комичарот Крис Рок на сцената затоа што се пошегува на сметка на нејзината избричена глава. „Искрено се надевам дека овие двајца интелигентни и способни мажи ќе имаат можност да закрепнат од сè , да разговараат и да се смират“, рече таа. „Со оглед на состојбата во светот денес, потребни ни се и двајцата, а всушност сите ние си требаме еден на друг повеќе од кога било“, продолжи таа. „Дотогаш, јас и Вил продолжуваме да го правиме она што го правевме во последните 28 години – а тоа е да продолжиме да го сфаќаме ова нешто што се нарекува заеднички живот. Ви благодариме што слушавте“, заклучи Џејда.


1 view

Comments


bottom of page