top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Џеј Ло се потруди да изгледа шик на училишна претстава на ќерката на Бен

Џенифер Лопез го придружуваше својот сопруг Бен Афлек на училишната претстава на поќерката Серафин во Лос Анџелес во саботата навечер, но не комуницираше со неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер. Латино дивата (53), родена во Бронкс, успеа во намерата сите погледи да бидат вперени во неа, облечена во макси фустан во црвена боја и длабок шлиц, соодветна чанта и лакирани чевли на платформа. Ѕвездата и продуцентка на новиот филм „Мајка“ беше забележана како разговара со втората поќерка Вајолет, која се надвисна над неа и покрај тоа што носи рамни патики. На настапот присуствуваше и поранешната сопруга на Афлек, Џенифер Гарнер, мајка на Серафин и Вајолет, но нејзиниот изглед беше дефинитивно полежерен и ненаметлив, коментираат таблоидите. Ѕвездата на Alias (51) на себе има фармерки, патики, маица и едноставна црна јакна за големото вечер на својата ќерка. Комуникацијата со поранешната сопруга на Бен не ѝ оди баш најдобро, но се чини дека прилично е зближена со децата од неговиот прв брак.




1 view

コメント


bottom of page