top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Џеј Ло на својот инстаграм-профил објави фотографија со децата

07.12.2020 Декември Понеделник

Во интервјуата Џеј Ло секогаш истакнува дека сила ѝ даваат нејзините деца, денес 12-годишните близнаци Ема и Макс, кои ги доби во брак со музичарот Марк Ентони, од кого се разведе во 2011 година, но остана во пријателски односи. Латинодивата е грижлива мајка и секогаш кога тоа ќе го дозволат нејзините деловни обврски, ужива да се дружи со своите деца. Џенифер (51) на својот инстаграм-профил објави фотографија што ги воодушеви сите, па за краток временски период симпатичната објава собра повеќе од 2 милиона допаѓања. Џенифер позира со своите деца, кои седат во нејзиниот скут, а покрај фотографијата напиша: „Ми се допаѓа што тие сè уште сакаат да седат во скутот на мама. Среќна сабота“. Позитивни коментари имаше од сите станови: „Вие сте толку слатки“, „Прекрасно семејство“, „Чиста љубов“ и други. Инаку, Џенифер планира да ја лансира својата колекција на производи за нега на убавина наречена JLo Beauty на почетокот на следната година, а како што објави, козметичките производи се наменети за жени од сите возрасти и за сите типови на кожа.





1 view

Comments


bottom of page