top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Џеј Ло и Бен Афлек ја продаваат својата куќа за 60 милиони долари по шпекулациите за развод

11.06.2024 Juni Vtornik

Џенифер Лопез и Бен Афлек ја продаваат својата раскошна куќа на Беверли Хилс за 60 милиони долари, пишува „Пејџ сикс“.

Се вели дека ангажирале агент за недвижности да ја продаде куќата што ја купиле пред една година, но сè уште нема купувач. Куќата има 4.273 квадратни метри, со пет хектари градина.

Се состои од 12 спални соби и 24 бањи, а вклучува спортска сала со терен за кошарка, сала за вежбање, боксерски ринг и бар. Имотот има и гостински пентхаус од 456 квадратни метри, двособна куќа за обезбедување и гаража за 12 автомобили.

Има и дополнителен паркинг-простор, кој може да собере 80 возила.

Продажбата на вилата следуваше по веста за разводот на славниот пар. Медиумите веќе извесно време пишуваат дека разводот е завршена работа, а пејачката ја откажа турнејата и се појави сама на премиерата на својот нов филм.

Двојката неодамна беше видена заедно на кошаркарскиот натпревар на синот на Бен, Семјуел, што исто така иницира сомневања за развод со своето однесување.


0 views

Comments


bottom of page