top of page

Џеј Ло доби награда „Музичка икона“, Бен Афлек во првите редови во публиката

Џенифер Лопез беше прогласена за музичка икона на синоќешното доделување награди на iHeartRadio. Поп-ѕвездата доби признание за својата долгогодишна кариера, а Бен Афлек беше во првите редови во публиката во Shrine Auditorium во Лос Анџелес за да ѝ даде поддршка на својата девојка заедно со синот Семјуел и со ќерка ѝ Еми. Ден потоа медиумите го коментираат гестот на Афлек, со тоа што ги охрабри 10-годишниот син Семјуел и 14-годишната ќерка на Лопез, Еми, да ја гледаат како ја прима наградата. Сите заедно ја гледаа како доаѓа на сцената во атрактивен маслинесто-зелен фустан со длабоко деколте и проѕирно здолниште. Наградата е признание за нејзиното влијание во поп-културата, долгогодишната кариера, постојаната застапеност на радиостаниците и големиот број фанови во светски рамки.




 
 
 

Comments


bottom of page