Search
Џеј Ло го отследи Алекс Родригез на Инстаграм
Џенифер Лопез повеќе не го следи инстаграм-прифилот на поранешниот свршеник Алекс Родригез. 52-годишната латино-ѕвезда стави крај на свршувачката со пензионираниот бејзбол-играч дури и на социјалните мрежи, објавија таблоидите додавајќи дека таа го отследи („анфолоу“) и ги отстрани сите негови фотографии од својата страница. Дента кога беше објавена веста во таблоидите, Алекс (42) сè уште ја следи Џeнифер и сè уште има фотографии од неа на својот инстаграм-профил. Џенифер и Алекс започнаа врска на почетокот на 2017 година и парот се сврши во март 2019 година, но откако ги откажаа плановите за венчавка поради Ковид-19, тие се разделија во март оваа година. Набргу по разделбата со Алекс, таа ја обнови романсата со Бен Афлек.
Comments