top of page

Џеј Ло во бунда привлече внимание на улиците во Њујорк

Apr 3, 2024
1 min read

03.04.2024 April Sreda

Џенифер Лопез привлече внимание на улиците на Њујорк.

Фотографите ја фатиле додека излегувала од станот. Таа беше облечена во црни панталони, бел топ, бели патики и кафеава бунда. Сето тоа го комбинирала со очила за сонце.

Неодамна таа предизвика реакции со фотографија од сала за вежбање. Џенифер позира во зелен спортски градник и хеланки, а фотографијата набргу собра повеќе од милион „допаѓања“, но и многубројни негативни реакции.

„Кој оди во сала за вежбање со толку совршена шминка“, праша еден следбеник, а друг додаде: „Не, ова е монтирана фотографија. Таа не е толку слаба“.


 
 
 

Comments


bottom of page