Џеј Зи тужи фотограф затоа што продава негови фотографии без дозвола
Џеј Зи поднесе тужба против фотограф што продавал фотографии од него без претходно одобрување. Хитмејкерот, чие вистинско име е Шон Картер, го ангажира Џонатан Менион во средината на 90-тите и тој направи стотици фотографии од раперот вклучувајќи ја иконската фотографија во костум и капа со цигара, која беше на омотот на неговиот деби-албум од 1996 година, Reasonable Doubt („Разумен сомнеж“). Сепак, Џеј сега презеде правни дејства затоа што, иако фотографот бил платен за својата работа, раперот никогаш не му дал дозвола да препродава ниту една од фотографиите. Според документите до кои дојде магазинот „Ролинг стоун“, „Џеј Зи не го овластил Менион да ги користи неговото име, изглед, идентитет или личност за каква било цел. Менион нема законско право да ги продава фотогрфиите“.
Comments