top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Џеф Бек и Џони Деп подготвуваат заеднички албум

Легендарниот британски гитарист Џеф Бек и холивудскиот актер Џони Деп, кој минатата недела извојува речиси целосна победа во тужбата за клевета против неговата поранешна сопруга Амбер Херд, следниот месец ќе објават албум со преработки на песни.

Студискиот албум „18“, со 13 нумери, ќе биде објавен на 15 јули. Ѕвездата на „Пиратите од Карибите“ настапуваше заедно со Бек во неколку града во Велика Британија во изминатите две недели.

„Чувството е како да сте поминале низ продавница за плочи и сте скокале од еден жанр во друг“, изјави Бек за „Ројтерс“, додавајќи дека тие првпат почнале да работат на албумот во домот на Деп во Франција.

Деп и Бек снимаа музика за албумот уште од 2019 година. Во него има две авторски композиции на Деп, кој има свој бенд насловен „Холивудски вампири“.


1 view

Comments


bottom of page