Џесика Фокс освои бронзен медал за Австралија на Олимписките игри во Токио во трка со кајак со едно
Џесика Фокс освои бронзен медал за Австралија на Олимписките игри во Токио во трка со кајак со едно седиште. Австралиската натпреварувачка се најде во центарот на вниманието на јавноста откако откри дека има проблеми со својот кајак пред почетокот на трката, и дека нема време да го поправи.
Нејзиниот кајак беше оштетен однапред што го забележа пред трката, па се одлучи за неверојатна варијанта. Имено, Фокс одлучи да го искористи кондомот, што го доби од организаторите на Игрите, предвидени за олимпијците, и го стави на оштетеното место, а на тој начин учествуваше во трката која и на крајот успеа да дојде до бронзен медал.
По трката таа објави видео на Инстаграм и покажа како го „поправила“ кајакот користејќи го кондомот што го добиваат учесниците кога доаѓаат во Олимпиското село.
Се обложувам дека не знаевте дека кондомите може да се користат за поправка на кајак, напиша Австралијката покрај видеото што го објави на Инстаграм по освојувањето на бронзениот медал.За Фокс ова е трет медал на Олимпијадата бидејќи пред тоа успеа да освои два сребрени медали.
Таа за првпат освои сребро на Олимпијадата во Лондон, а вториот медал со ист сјај го освои четири години подоцна во Рио де Жанеиро.
Comments