Search
Џенова со пораз од Лацио ја продолжи ужасната серија, Пандев стартер
17.12.2021 Dekemvri petok
Екипата на Џенова продолжува да бележи лоши резултати и покрај тренерската смена и доаѓањето на клупата на легендата на европскиот фудбал, Андриј Шевченко.
Лацио беше подобар противник и ја оправда фаворитската улога, славејќи на овој натпревар со 3:1.
Во првиот дел падна само еден погодок и истиот беше дело на Педро кој ја затресе мрежата на Сиригу во 39. минута.
Во второто полувреме Џенова заигра нешто поотворено, а тоа му остави можност на Лацио да постигне нови два гола и преку Ачерби и Закањи да го реши прашањето на победникот.
Почесен погодок за Џенова постигна Мелеоњи со гол во 86. минута од натпреварот.
Горан Пандев повторно се најде во стартниот состав на Џенова и на теренот помина нешто помалку од еден час.
留言