Џенова со историски факти го потврди останувањето на Пандев (Фото)
Горан Пандев и официјално ќе го гледаме во Серија А во новата натпреварувачка сезона, откако Џенова точно напладне излезе со информација за останувањето на легендарниот македонски фудбалер.
По емотивниот крај на репрезентативната кариера со настапот на Европското првенство, Гранде Горан ќе продолжи на клупски план уште една сезона, а Џенова реши да ја објави оваа вест на уникатен начин, споделувајќи неколку интересни факти кои само ја потврдуваат големината на фудбалскиот виртуоз од Струмица.
– 38-годишниот Горан Пандев останува играч на „црвено-сините“. Напаѓачот кој неодамна играше на историското Европско првенство со својата Македонија, го продолжи договорот со Џенова до 30-ти јуни 2020-та година.
– Пандев во нашиот дрес веќе оствари многу важни работи: 156 настапи во Серија А од вкупно 473 и 28 постигнати гола во дресот на Џенова од вкупно 101 во првенството.
– Тој е трет странски фудбалер со најмногу настапи во историјата на Серија А и еден од петте актуелни играчи во Италија кои имаат постигнато најмалку 100 гола во домашното натпреварување, – гласи објавата на Џенова.
Kommentare