Џенифер Хадсон се чувствувала под притисок глумејќи ја Арета Френклин во Respect
14.09.2021 Septemvri Vtornik
Џенифер Хадсон откри дека воопшто не ѝ било лесно да ја портретира кралицата на соул-музиката Арета Френклин во Respect. 40-годишната пејачка и актерка глуми во новиот биографски филм за музичката икона и открива дека е страшно да се преземе таква улога. „Да ја глумиш самата кралица, Арета Френклин, тоа беше најстрашното нешто досега“, вели Џенифер во интервју за британски „Индипендент“. „Очигледно, таа не може да се дуплира. Знам што таа претставува и што значи за светот – вклучително и за мене. Не е лесно кога ти е доверено такво нешто. Воопшто не го сфатив тоа лесно“. Сепак, таа имала корист од тоа што била долгогодишен фан на покојната sвезда. „Познавањето на нејзината музика ми помогна да се подготвам“, изјави таа за британскиот весник.
Comentarios