Search
Џенифер Хадсон сака да глуми во римејкот на „Херкулес“
39-годишната sвезда откри дека сака да ги следи стапките на нејзините колеги од Dreamgirls – Бијонсе, Џејми Фокс, Еди Марфи и Анике Нони Роуз – со улога во игран филм на студиото „Дизни“. „Ова е забавен факт: сите членови на актерскиот тим на Dreamgirls глумеле во филмови на Дизни“, рече таа во интервју за WIRED. „Анике, Бијонсе, Џејми, Еди веќе го напарвија тоа. Каде е мојата Дизни-улога?” И Џенифер го знае само ликот за кој би била совршена – Калиопе во „Херкулес“. Во меѓувреме, Џенифер доби многу пофалби за улогата на покојната икона на соул-музиката Арета Френклин во биографски филм „Респект“.
Comentarios