top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Џенифер Лоренс ќе глуми во комедијата No Hard Feelings

„Сони“ ги стекна правата на нови проект со оригинален наслов No Hard Feelings („Нема лутење“) по жестока војна на наддавање, а медиумите дознаваат дека директорите на студиото полетале во Њујорк во обид да ја убедат Џенифер да ја прифати улогата. Приказната е сместена во њујоршки Монтаук и наводно има слични тонови со Risky Business and Bad Teacher, бурна комедија од 2011 година со Том Круз и Камерон Дијаз во главните улоги. Филмот ќе го режира Џин Ступницки, кој ја напиша и копродуцира „Канцеларија“ (Тhe Office), која освои „Златен глобус“ за најдобра хумористична серија. Ступницки дебитира како режисер на долгометражен филм во 2019 со комедијата Good Boys, а сега ќе го напише сценариото заедно со Џон Филипс. Медиумите пренесуваат дека проектот предизвика многу врева во Холивуд и дека стримерите, како „Епл“ и „Нетфликс“, испаднаа на почетокот на наддавањето.


0 views

Comments


bottom of page