Search
Џенифер Лопез ќе глуми во филм на Бен Афлек и Мет Дејмон
20 години по филмот „Џигли“, Бенифер се подготвува за уште една соработка. Џенифер Лопез треба да глуми во Unstoppable („Незапирлив“), спортска драма што ќе ја продуцира нејзиниот сопруг Бен Афлек, дознава „Дедлајн“. Филмот ќе ја раскаже вистинската приказна за Ентони Роблс, трикратен сеамерикански шампион во борење роден со една нога. Тој е и автор на истоимената книга. Допрва ќе биде објавен дополнителен избор на актери. Продуцентската куќа на Афлек, Artists Equity, што тој ја основа заедно со колегата актер Мет Дејмон, ќе го продуцира филмот. Вилијам Голденберг ќе го има своето режисерско деби на проектот. „Незапирлив“ ќе биде првата официјална соработка на Афлек и Лопез од нивната венчавка во 2022 година.
Comments