top of page

Џенифер Лопез ужива во последните семејни мигови со близнаците во Рим пред нивното заминување на факултет

31.07.2026 Juli Petok

Латино дивата го прослави својот 57. роденден, а веднаш потоа помина таа со своите деца замина на семејно патување во Италија, свесна дека наскоро нејзиниот дом ќе остане празен.

Познатата пејачка и актерка Џенифер Лопез минува низ еден од поемотивните периоди во животот. По прославата на својот 57. роденден на 24 јули, музичката ѕвезда замина на патуање во Рим со своите 18-годишни близнаци, Макс и Ема (Оскар), пред тие официјално да заминат на факултет оваа есен.

Семејството беше снимено како ги разгледува најпознатите атракции во италијанската престолнина, вклучувајќи го и Колосеумот, разладувајќи се со традиционален италијански сладолед. Лопез, која изгледаше беспрекорно во свилен фустан, одвои време и за пазарење во познатите луксузни бутици на улицата „Виа Кондоти“.

Се бореа и успеаја“

Близнаците, кои ги доби во бракот со пејачот Марк Антони, матурираа оваа пролет, а Лопез не ја крие гордоста за нивниот успех.„Исклучително сум горда на нив. Секој од нив беше примен во сите пет факултети каде што аплицираа, и двајцата добија стипендии. Гледав колку напорно работеа уште од петто одделение. Најважно од сè е што израснаа во добри, лубезни и искрени луѓе со големо срце,“ изјави неодамна Лопез, откривајќи дека децата се соочувале и со предизвици како ADHD за време на училишните години.

Разделба по речиси две децении

Близнаците од есен ќе посетуваат различни универзитети, што за Лопез претставува емотивен момент. Во своето гостување во шоуто кај Енди Коен, таа призна дека тешко се соочува со фактот дека нејзиниот дом наскоро ќе биде празен.„Ова е многу емотивен период за мене. Бевме само ние тројцата низ годините. Луѓето доаѓаа и си заминуваа од мојот живот, но тие беа секогаш тука. Никогаш не размислував толку далеку во иднината за да си замислам како ќе изгледа мојот дом без нив,“ искрена беше ѕвездата.

Патувањето во Рим е само дел од нејзиното долго европско лето, во чии рамки ги посети и Вимблдон во Лондон, Сицилија и Париз, продолжувајќи да ужива во животот и новите предизвици што ги носи секоја година.


 
 
 

Comments


bottom of page