top of page

Џенифер Лопез совршена во новата реклама за „Долче и Габана“

15.03.2022 Mart Vtornik

Фотографии од Џенифер Лопез во ултрасекси фотосесија за „Долче и Габана“ ги преплавија таблоидите и социјалните мрежи. Поп-ѕвездата и актерка (52) ги покажа своите тонирани стомачни мускули во проѕирна долна облека од тантела и појас со жартиери додека позира во рамките на најновата жешка кампања на италијанската луксузна модна куќа. Украсена со накит на истиот бренд, комбинација на бисери и злато, Џеј Ло никогаш не изгледала посекси, коментираат таблоидите. На други фотографии Џенифер позира заедно со машки модел, и двајцата рекламираат очила на „Долче и Габана“. Кампањата на D&G, компанија на италијанските модни творци Доменико Долче и Стефано Габана, е само еден од неколкуте проекти со кои иконата на шоубизот беше зафатена деновиве. Џенифер глуми покрај Овен Вилсон во новата романтична комедија „Омажи се за мене“.

ree

ree

ree

ree

 
 
 

Comments


bottom of page