top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Џенифер Лопез со настап на новогодишната вечер

18.12.2020 Декември Петок Џенифер Лопез ќе ги предводи sвездите на новогодишната „Рокин Ив 2021“ со дополнителни настапи од Били Портер, Синди Лопер и многу други. Таа ќе ги изведе своите најголеми хитови за американската публика на настанот познат како „Новогодишната вечер на Дик Кларк со Рајан Сикрест“. „Еј-би-си“ во вторникот објави дека 51-годишната поп-sвезда и актерка ќе ја предводи прославата, а Рајан Сикрест ќе продолжи како домаќин. На Лопез ќе ѝ се придружат голем број талентирани изведувачи, вклучувајќи ја Били Портер, поп-легендата Синди Лопер и ѕвездата на кантри-музиката Џими Ален. Таа ќе го има главното место за изведба непосредно пред полноќ, започнувајќи ја 2021 година и сигнализирајќи го посакуваниот крај на 2020 година.



2 views

Comments


bottom of page