top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Џенифер Лопез со емотивна објава ја одбележа првата годишнина од бракот

Џенифер Лопез прославува една година брак со Бен Афлек. Латино-дивата во симпатична објава на „Инстаграм“ сподели досега необјавени фотографии од венчавката и стихови од необјавена песна. Во описот на фотографиите од раскошната венчавка со својот четврти сопруг Бен таа напиша: на денешен ден пред една година. Латино-дивата и двократниот оскаровец се венчаа на неговиот имот Хемптон Ајланд во Џорџија. Двојката, која беше позната како Бенифер, технички доби дозвола за брак на 16 јули 2022 година во округот Кларк, Невада, пред да избега во капелата „Литл вајт вединг чепл“ во Лас Вегас. Џенифер (54), која глумеше невеста во девет филма, своите 394,3 милиони следачи на социјални мрежи ги почести со неколку стихови од претстојнат песна „Драг Бен – втор дел“. Ова е една од деветте пријавени песни што Џенифер му ги посвети на сопругот (51) во претстојниот деветти студиски албум This Is Me… Now, нејзин прв албум по A.K.A. од 2014 година. Првиот дел од песната, односно првата песна „Драг Бен“, беше објавена во албумот 2002 година This Is Me… за време на нејзината двегодишна претходна врска со Бен, која заврши во 2004 година. На 20-годишнината од својот албум This Is Me… Then (Ова сум јас… тогаш“) Џенифер Лопез ги изненади фановите објавувајќи го насловот на претстојниот албум This Is Me… Now. („Ова сум јас… сега“). Новиот албум таа го опишува како хроника на едно емотивно и духовно патување во последните две децении. Оригиналниот албум беше посветен на нејзиниот тогашен партнер Бен Афлек, со кој денес е во брак. Албумот има 13 песни, вклучително и некои што алудираат на нејзината врска со Афлек, како што е „Драг Бен, втор дел“ и „Полноќно патување во Вегас“, што е очигледна асоцијација на нивната венчавка.






2 views

コメント


bottom of page