top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Џенифер Лопез се врати од Шпанија за да биде со саканиот

Двојката беше забележана заедно во неделата, откако медиумите открија дека „Мајка“, најновиот филм на Лопез, е ставен на пауза во Шпанија поради случаи на коронавирус во продуцентскиот тим. Џеј Ло (52) е во лежерно и непрепознатливо издание, додека Бен Афлек (49) изгледа привлечно во темна кошула, темни фармерки и палто. Акциониот филм со наслов The Mother, кој треба да излезе подоцна оваа година, се снимаше во Ванкувер, Британска Колумбија, пред продукцијата неодамна да се пресели во Гран Канарија, во близина на Канарските Острови. Магазинот „Пипл“ потврди дека снимањето во странство било прекинато поради позитивни случаи на коронавирус поврзани со продуцентскиот тим. Лопез, наводно, пристигнала во шпанскиот град минатата недела и била изолирана додека чекала да почне снимањето, но во неделата со приватен авион се вратила во САД, според „Пејџ сикс“.




2 views

Comments


bottom of page