Џенифер Лопез потајно стравува за обновената врска со Бен Афлек
Бенифер 2.0 брзгу се приближува кон една година како пар. И додека Бен Афлек и Џенифер Лопез се чини дека уживаат еден во друг по обновувањето на романсата, ѕвездата на Marry Me („Омажи се за мене“) призна дека тие малку се плашеле да се обидат вторпат со оглед на лудилото на фановите што ги опкружува од нивното прво излегување во јавност. Ова се случува и сега, исто како и речиси пред две децении. Новото признание на Лопез доаѓа само неколку недели откако Афлек откри дека се двоумел за обновувањето на нивната врска и целиот хаос што ќе дојде со тоа како јавни личности, речиси две децении по откажувањето на нивната свршувачка. „Претходно, ја прекинавме нашата врска“, изјави Лопез (52) за „Пипл“ во врска со циркусот што се чинеше дека ги следи во текот на првата верзија на Бенифер од 2002 до 2004 година додавајќи: „Тогаш бевме наивни“. „И двајцата сме среќни и не сакаме ништо од тоа повторно да се случи“, објасни таа. „Сега сме постари, попаметни, имаме повеќе искуство, се наоѓаме на други скалила во нашите животи, сега имаме деца и мораме да бидеме многу свесни за тие работи“.
Comments