Џенифер Лопез по речиси 10 години ќе објави нов албум
Истиот ден, 16 февруари 2024 година, ќе биде прикажан и придружниот музички спот, објави ѕвездата на својот Инстаграм.
Спотот е во режија на Дејв Мејерс, а според соопштенијата за печатот, тој е „екстравагантна визуелна и аудио гозба со импресивна кореографија, костими и многу ѕвезди во камео улоги“.
Лопез го објави албумот во ноември 2022 година, кога објави списокот со наслови, вклучувајќи го и Dear Ben Pt. II, а најверојатно станува збор за нејзиниот сопруг, актерот Бен Афлек, со кого ја обнови врската по години разделба и повторно се венчаа во јули.Новиот албум е претставен „како најискрен и личен“, всушност е љубовна приказна на пејачката, актерка, ѕвезда која досега има издадено осум студиски албуми, еден ремикс, три компилациски албуми, еден со музика од филмови, 65 синглови, пет песни за хуманитарни цели и 12 за промотивни цели.
Џеј Ло има продадено повеќе од 80 милиони плочи.
Comments