Џенифер Лопез на проба во студио за танц
Џенифер Лопез беше фотографирана во понеделникот вечерта во Лос Анџелес додека се враќа од студио за танц. 53-годишната суперѕвезда, која во неделата се појави во реклама на Dunkin’ Donuts Super Bowl заедно со Бен Афлек, на себе има бел кроп-топ со долги ракави, под кој ѕиркаат рамни стомачни мускули. Покрај секојдневна опрема за вежбање, таблоидите ја забележаа и нејзината омилена чанта Хермес од 25.000 долари. Pред пробата за танц, ѕвездата од Shotgun Wedding сподели неколку гламурозни селфиња на кои нејзиниот беспрекорен тен доаѓа до полн израз. „Росна, сјајна и глазирана“, напиша Џенифер во описот на својата најнова објава. Ова е голема недела за Џенифер и нејзиниот сопруг Бен Афлек, бидејќи парот во текот на викендот го избра местото што ќе го нарекува свој дом, по речиси две години трагање по куќа. Џенифер и Бен, наводно, потпишале договор за куќа вредна 34.5 милиони долари, со седум спални соби и 13 бањи, во престижниот „Рустик кањон“ во Пацифик Палисадес, како што пренесе „ТМЗ“.
Comments