Џенифер Лопез и Бен Афлек споделија страстен бакнеж на премиерата на „Мајка“
Повторно се заедно повеќе од две години.
Џенифер Лопез и Бен Афлек очигледно сè уште се во фазата на голема љубов, која ја покажаа на црвениот тепих на премиерата на новиот акционен трилер „Мајка“.
На синоќешната премиера во Лос Анџелес 53-годишната пејачка и актерка ги спои усните со својот сопруг актер и режисер (50) додека се прегрнуваа.
Холивудската дива изгледа беспрекорно како и секогаш на црвениот тепих во дводелен костим составен од макси здолниште со висока половина и ултрадолго палто над кроп-топот.
Креацијата – која обединува суптилен гламур, одмерен сексапил и елеганција – мамеше воздишки кај присутните.
И здолништето и палтото во беж боја, украсени со светки, допираат до земја.
Во новиот филм Џенифер го глуми насловниот лик – поранешна жена убиец, која е присилена да го напушти животот што го создала за себе откога прекинала со опасната професија за да ја заштити својата отуѓена ќерка.
Comments