Џенифер Лопез и Бен Афлек купија палата од 64 милиони долари
- Aleksandar Santovski
- Mar 13, 2023
- 1 min read
Се чини дека исцрпната потрага по дом од соништата за моќната двојка, конечно, заврши, бидејќи Џенифер и Бен наводно купиле раскошна хациенда во Пацифички Палисади. Двајцата во саботата беа фотографирани додека се среќаваат со тим изведувачи во нивната нова куќа во елитната калифорниска населба, која наводно ја купиле за неверојатни 64 милиони долари. Лопез (53) во оваа пригода без вообичаениот гламур, во широки сини карго-панталони и бел џемпер. Афлек (50) исто така во лежерно издание, во портокалова јакна, црн пуловер и црни фармерки. Новиот дом е речиси двојно поскап од првиот имот што планираа да го купат, но има повеќе удобности, вклучувајќи осум спални соби и 11 бањи. Куќата вклучува сала за вежбање, професионална медиумска сала, соба за игри, лифт и огромен двор со базен.








Comments