Џенифер Лопез ги извади екстензиите и ја покажа природната коса
Постојат среќни луѓе во светот кои се магично прилагодени на која било боја, должина или стил на коса, пишуваат таблоидите и додаваат можат слободно да ја вбројат Џенифер Лопез во оваа група луѓе.
Во нејзиното најново селфи, објавено на инстаграм-профилот „Џеј Ло бјути“ (@JloBeauty), може да се види дека пејачката ги отстранила сите екстензии на косата и ја обликувала нејзините природна коса до рамената.
Иако нејзината коса можеби е малку пократка од вообичаеното, Џеј Ло, се разбира, и понатаму е во својот препознатлив сјај.
Видовме неколку селебрити-личности кои неодамна одлучија да се ослободат од екстензиите, при што Кајли Џенер ја покажа својата природна пократка коса, а Аријана Гранде ни даде увид во убавата природна текстура на нејзината коса.
댓글