top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Џенифер Лопез: Видеото од венчавката е украдено без наша согласност

Џенифер Лопез тврди дека снимката на која се гледа како му пее на Бен Афлек за време на свадбената прослава била украдена без нивна согласност. Минатиот викенд Џенифер и Бен организираа раскошна прослава на неговиот во Џорџија, а неколку дена подоцна на интернет се појави клип од прославата. Во видеоклипот кој кружеше на интернет, Џенифер, придружувана од група танчери, пее и танцува за новиот сопруг додека тој седи пред неа на подиумот. Џенифер сега го критикува протекувањето на клипот, особено затоа што сите нивни гости беа замолени да потпишат договори за необјавување како услов за нивно присуство. Откако фан профилот JLoW0rld го сподели видеото на „Инстаграм“, таа прокоментира: „Ова е направено без дозвола. Точка. Кој и да го направи тоа го искористи нашиот приватен момент. Не знам од каде го добивате затоа што имавме НДА (договор за необјавување) и ги замоливме сите присутни да не споделуваат ништо од нашата свадба. Наш избор е дали ќе споделиме.“ „Сè што објавувам приватно е OnTheJLo и тука споделам за моите фанови. Всушност тоа ќе го направам кога ќе бидам подготвена. Ова беше украдено без наша согласност и продадено за пари.“ Сопственикот на профилот на фановите го избриша видеото „од почит кон Бенифер“ и наместо тоа сподели нова објава со скриншот од нејзиниот коментар, на што таа веднаш стави лајк.



1 view

Comments


bottom of page