Search
Џенифер Анистон ќе ѝ биде последниот гостин на Елен Деџенерис
Џенифер Анистон ќе биде последниот гостин во ток-шоуто на комичарката Елен Деџенерис, беше објавено во вторникот. Последната епизода од долготрајната дневна серија ќе се емитува на 26 мај со Пинк и Били Ајлиш, исто така гости. Ова ќе биде 20. пат за Џенифер да гостува во „Елен“. Медиумите потсетуваат дека ѕвездата од „Пријатели“ пред 19 години беше првиот гостин на комичарката, а нејзиното појавување во завршната епизода, ќе значи и последен.
Comments