top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Џенифер Анистон јаде едно парче чипс кога е под стрес

Холивудската актерка Џенифер Анистон откри дека секогаш кога е под стрес, доволно ѝ е да земе само едно парче чипс. Ѕвездата на „Морнинг шоу“ знае дека е досадно што има толку многу самоконтрола кога станува збор за нездрава храна, па дури и ако отвори кесичка чипс за да си ги олесни чувствата, таа сепак покажува воздржаност. На прашањето што јаде кога е под стрес, таа рече: „Чипс. Крцка, крцка“. Запрашана да појасни дали мисли само на едно парче, таа потврди: „Обично да. Јас сум добра во тоа. Можам да изедам само еден од полна кесичка. Знам, тоа е толку досадно“. 52-годишната sвезда секогаш пие умерено и никогаш не доаѓа во искушение за егзотични коктели. Говорејќи за својот омилен пијалак, таа за магазинот InStyle изјави: „Маргарита – чиста, без шеќер – или валкан мартини. Имам само два-три пијалаци најмногу и не правам егзотични“.


1 view

Comentários


bottom of page