Search
Џенифер Анистон се враќа на работа со визир на лицето
18.12.2020 Декември Петок Холивудската актерка ппродолжи со снимањето на драмската серија „Утринско шоу“ по повеќемесечна пауза на продукцијата среде пандемија на Ковид-19. Таа доби одлични критики и награда за нејзината работа во првата сезона на новата драма-серија со оригинален наслов Morning Show. Џенифер Анистон се врати на работа во Лос Аџелес во вторникот, за првпат од почетокот на пандемијата. Ѕвездата на „Пријатели“ (51) ги презеде сите мерки на претпазливост, носејќи штит за лице и нараквици. И продукцијата целосно се придржува на безбедносните протоколи со диспензери за дезинфекција забележани низ целиот простор на снимање, коментираат медиумите.
コメント