Џенифер Анистон прави бебешки чекори назад во јавниот живот
15.09.2021 Septemvri Sreda
Sвездата на „Утринското шоу“ нема да присуствува на доделувањето на наградите „Еми“ в недела (19 септември) и покрај тоа што специјалната средба на „Пријателите“ доби четири номинации. Анистон уште се приспособува да биде повторно со други луѓе по неколку месеци карантин среде пандемија. Во видеоразговор на „Џими Кимел лајф“ таа рече: „Не, нема да одам. Мислам дека Бен Винстон, нашиот продуцент и режисер, кој ја состави целата работа, ќе оди“. „Ова е голем чекор за мене да бидам тука. Јас сега правам бебешки чекори“. Во меѓувреме, 52-годишната актерка призна дека сака кога нејзиниот и ликот на Рис Витерспун во The Morning Show – Алекс Леви и Бредли Џексон – се расправаат бидејќи таа и Рис имаат одличен пријателски однос во реалниот живот. „Секогаш е забавно да се расправаш со Рис затоа што таа не е таква во реалноста. Таа е толку слатка и зрачи со енергија, како сонце“, рече Џенифер.
Comments