Џенифер Анистон објасни зошто ги прекина врските со невакцинирани пријатели
Updated: Aug 10, 2021
09.08.2021 Avgust Ponedelnik
Актерката Џенифер Анистон ја брани својата одлука да не комуницира со пријатели и познаници кои не сакаат да кажат дали се вакцинирани против Ковид-19 по коментарите на социјалните мрежи во врска со ваквиот потег. Sвездата на „Пријатели“ и „Утринското шоу“ рече во интервјуто за списанието InStyle дека сè уште постои голема група луѓе кои се антиваксери или луѓе кои едноставно не ги слушаат фактите. Таа додаде дека за жал „изгубила неколку блиски луѓе“ кои одбиваат да откријат дали се вакцинирале. Анистон беше предизвикана од некои следачи на Инстаграм, вклучувајќи и некои познати личности како Робин Ло, авторка на книгата „Планот на телото“, која праша зошто Анистон не сака да биде околу невакцинирани луѓе кога таа самата е вакцинирана. Анистон одговори на својот инстаграм-профил. „Затоа што ако имаш друга опција, можеш да ми ја кажеш. Можеби ќе се разболам малку, но нема да завршам во болница или да умрам. Ако има друга опција, ќе му ја препорачам на друг кој нема примено вакцина и чие здравје е загрозено (или има претходна постоечка состојба) – и на тој начин би го ставила нивниот живо во ризик“, напиша Анистон. „Затоа и се грижам. Мораме да се грижиме и за другите, а не само за себе”, додаде таа. Анистон, која има 37,7 милиони следачи на Инстаграм, се прослави како Рејчел Грин во култната серија „Пријатели“, која се емитуваше 10 години од 1994 до 2004 година. Серијата ги следеше животите на шест њујорчани во нивните 20-ти и 30-ти години.
Comments