top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Џенифер Анистон, најверојатно, ќе го тужи Бред

Се чини дека Бред Пит е во неволја со друга поранешна сопруга. Џенифер Анистон наводно е подготвена да го тужи својот поранешен сопруг Бред Пит за 100 милиони долари, а причината е деловна, пренесува Marca. Имено, неодамна беше откриено дека Бред има намера да ја продаде нивната заедничка продукциска куќа „План Б“, која ја основаа на почетокот на 2000 години додека сè уште беа заедно. Таа наводно ја оспорува продажбата и го тужи за 100 милиони долари. Пит веќе е во правен спор со поранешната сопруга Анџелина Џоли, која упати сериозни обвинувања против него, па овој спор дополнително ќе му ја отежни ситуацијата. Продуцентската куќа што ја основаа Бред и Џенифер премина во негова сопственост по разводот, но таа тврди дека никогаш не добила заслуги за помошта во основањето на компанијата, а шпекулациите се дека нејзиното барање е прашање на принцип колку и пари. „Ова не е само за парите. Што се однесува до Џенифер, она што е исто толку важно е принципот. Работата е во тоа што таа беше кокреатор и коосновач на ‘План Б’ и додека технички му припадна на Бред, таа не ја доби заслугата иако ја изгради од темел“, изјави извор близок до актерката за Heat World. Истиот извор додаде: „Џен очекува барем признание и вклученост доколку се оствари продажбата плус опција да соработува со тој што ќе ја преземе“.



1 view

Comentarios


bottom of page