Џеки Чен сака да се приклучи на кинеската комунистичка партија, но Кина не го сака
Ѕвездата на боречките вештини Џеки Чен изрази желба да се приклучи на кинеската комунистичка партија (ККП), но некои Кинези рекоа дека тој не е добредојден. Многумина на социјалните мрежи коментираа дека Чен ја изневерувал сопругата и дека син му се дрогирал, што би го дисквалификувало од членство. Чен го изрази својот интерес за членство на симпозиумот организиран од Кинеското филмско здружение минатиот четврток во Пекинг. Во видео објавено од „М видео њуз“, програма на државната телевизиска куќа Central China Television, Чан им рече на присутните на симпозиумот дека кога е во странство тој често вели дека е горд што е Кинез. „Ви завидувам дека сте членови на Комунистичката партија, мислам дека Комунистичката партија е одлична, она што го кажува Комунистичката партија, она што го ветува, секогаш ќе се испорача во рок од неколку децении“, рече тој. „Сакам да бидам член на Комунистичката партија, ви благодарам“, додаде тој, со насмевка, на громогласно плескање. Сепак, неговите коментари брзо наидоа на потсмев на „Веибо“, при што корисниците изјавија дека тој не е достоен за членство во партијата. „Не се сомневам во неговиот патриотизам и професионализам, но во неговиот стил на живеење… членовите на нашата партија треба да дадат позитивен пример“, напиша еден. „Веројатно не е сериозен, само глуми во различни пригоди“, напиша друг. Коментарите за „животниот стил“ се однесуваа на претходната вонбрачна афера на Чен и казнено дело – употреба на наркотични дроги – на неговиот син Џејси Чан, кој помина шест месеци затвор во Кина.
Commentaires