Џегер го нарече Вотс карпа што ги држеше „Ролинг стоунс“ заедно
24.09.2021 Septemvri Petok
Легендарниот бенд „Ролинг стоунс“ викендов се враќа на пат без тапанарот Чарли Вотс, кого фронтменот Мик Џегер го нарече карпата што го држеше бендот заедно. Во интервјуа со Дејвид Фрик, писателот на музичкото списание „Ролинг стоун“, Џегер, Кит Ричардс и Рон Вуд за првпат говореа за своите сеќавања на Вотс, кој почина во Лондон пред еден месец на 80-годишна возраст. Тие одбија да шпекулираат дали ова ќе биде последна турнеја на бендот. Турнејата No Filter, која почнува в недела (26 септември) во Сент Луис, Мисури, ќе биде прва без Вотс од 1963 година. „Тој толку долго музички го држеше бендот заедно, бидејќи тој беше карпата, а остатокот од бендот беше изграден врз таа карпа“, рече Џегер во интервјуто објавено во четвртокот. „Она што тој донесе беше ова прекрасно чувство на ритам и скршнување што повеќето бендови го посакуваат. Имавме навистина убави разговори во последните неколку години за тоа како сето ова се случи со бендот”, додаде Џегер. „Ова е огромна загуба за сите нас. Ова е многу, многу тешко. Но, имавме прекрасни времиња, а Чарли направи прекрасна музика”. Тапанарот Стив Џордан ќе настапува со „Стоунс“ на турнејата. Тој беше најавен во август како привремена замена за Вотс, кому му требаше време да закрепне од операција. Гитаристот Кит Ричардс (77) нагласи дека продолжувањето било тешка одлука. „Дојдовме до многу тешка точка, да пролжиме со работа. Но, ние ќе го направиме тоа”, рече тој. „Стоунс“ позираат по прес-конференција во Њујорк, 10 мај 2005 година
Comments