top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Џаро ќе ја потпишува биографијата „Живот на коцка“

За возбудливиот живот на менаџерот Велибор Џаровски- Џаро се раскажува во книгата „Џаро-живот на коцка“ чиј автор е новинарката Милица Џаровска, а е во издание на издавачкиот центар „Три“. Во вторник, на Саемот на книгата во Арена „Борис Трајковски“, на штандот на „Три“, од 18 часот, Џаро и авторката ќе ја потпишуваат книгата која е негова биографија.

Од првата „местенка“ која се случила во семејната куќа во населбата Ѓорче Петров каде што и денес живее, до необичната, но успешна соработка со најголемите музички и спортски ѕвезди од поранешна Југославија е раскажано во книгата за Џаро.

-Многу пати во јавноста сум ги споделувал моите приказни, но време беше да се стават и на хартија, тие и уште некои кои досега ги немам кажано. Мојот „живот на коцка“ не се однесува само на коцката, туку на начинот на кој го живеев во едно поинакво време, па затоа ѝ дозволив на ќерка ми да го стави токму овој наслов. Но, и денес иако побавно се движам, знам да им кажам на помладите: „Јас имам проблем со ногата, немам проблем со главата“. Ве чекаме сите на Саем во вторник“, изјави Џаровски.


4 views

Comments


bottom of page