top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ќерката на Моника Белучи многу личи на мајка си, луѓето се восхитуваат на нејзината убавина

26.03.2024 Mart Vtornik

„Имам голема почит кон куќата ‘Диор’, а нивниот женствен и префинет имиџ отсекогаш бил мојот сон“, изјавила манекенката и актерка, ќерка на актерите Моника Белучи и Винсент Касел. Таа додаде дека сака да биде во линија со „Диор“, „која ги претставува младите жени на денешницата, но и продолжување на традицијата“.Таа сподели фотографии од снимањето на „Инстаграм“, каде што ја следат повеќе од 1,2 милион корисници.

Родена во Рим 2004 година, Дева Касел пораснала и во Франција и Бразил. Затоа зборува пет јазици. Таа почна да се занимава со манекенство на 15-годишна возраст појавувајќи се на насловните страници на списанијата и шетајќи на модните писти за време на многубројни модни недели.

Дева, покрај манекенството, не го запоставува ниту актерството. Таа доби улога во серијата „Леопард“ на „Нетфликс“, која пристигнува во септември. Станува збор за серија инспирирана од италијанскиот филмски класик во режија на Лучино Висконти, кој го освои „Златниот лав“ во 1963 година. Дева ќе ја игра Анџелика Седара.

„Не планирам да одам на факултет во моментот. Неодамна завршив средно училиште. Ќе се посветам на работилниците за моделство и глума. Можеби подоцна ќе му се вратам на учењето“, изјави Дева последен пат за The Glass Magazine.


2 views

Comments


bottom of page