top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ќерката на Ед Ширан му помогнала да ја најде својата цел надвор од музиката

Поп-ѕвездата на топ-листите ја има 15-месечната Лира со сопругата Чери и откри дека девојчето му го променило животот. Ед Ширан (30), кој се ожени со Чери Сиборм во 2019 година, беше гостин во шоуто на Елен Деџенерeс, каде што рече: „Oткрив дека навистина немам цел надвор од музиката затоа што кога си давав одредено време без работа, чувствував дека не правам сè затоа што сакам да се занимавам со музика. И да се биде татко, всушност, ми даде цел и нешто што во животот е, всушност, поважно од мојата работа“. Ед е еден од најпродаваните уметници во светот, но татковството го опиша како најдоброто нешто што му се случило. Хитмејкерот додаде: „Мислам дека има толку многу разни страни и форми во него. Има тешки денови, има лесни денови. Тоа е тобоган од емоции. Знам дека звучи како клише, но е неверојатно“.


3 views

コメント


bottom of page