top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит ја напушта мајка си, сака да живее со својот татко


02.04.2024 April Vtornik

Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит (17), тинејџерката Шајло Џоли Пит, наводно се сели да живее кај својот татко, пишува „Сан“.

Се очекува да се пресели во мај кога ќе наполни 18 години.

„Таа не е незадоволна од Анџелина, но набргу ќе наполни 18 години и сака промена“, сподели таблоидот.

Освен тоа, таа го обожава Бред и отсекогаш била татино девојче, се додава.

Според изворот, Пит бил пресреќен кога ја слушнал веста. Како што е познато, мајката досега не се обидела да ја спречи.

За разлика од Шајло, посвоените деца на поранешната двојка, 22-годишниот Медокс, 20-годишниот Пакс Тиен и 19-годишната Захара, го одбија Бред кога станаа полнолетни.

Захара дури и го отфрли презимето на татка си.

Инаку, Шајло е биолошката ќерка на Бред и Анџелина, како и 15-годишните близнаци Вивиен и Нокс.


1 view

Comments


bottom of page