Ќе се снимаат ли холивудски филмови во Скопје? Владата потврдува дека е доставен проект за филмски с
Ќе се снимаат ли холивудски филмови во Скопје? Владата потврдува дека е доставен проект за филмски студијаТХП Скопје е проект кој во моментов е во процедура за утврдување на статус на стратешки инвестициони проект за кои течат роковите за постапување согласно Законот, а процедурата и условите за добивање статус на стратешка инвестиција е иста за сите добиени барања за стратешки инвестиции, брифираат од Владата
Изјавата на американската филмска ѕвезда Џон Малкович дека во Скопје ќе се снимаат холивудски филмови, веднаш откако ќе се изградат повеќе филмски студија во околината на градот во рамки на проектот „Скопје технолошки парк“, ја разбранува јавноста.
Тој најави дека ќе го посети Скопје веднаш откако Владата ќе го одобри проектот „Скопје технолошки парк“.
– Решивме да го наречеме проектот „Стоунбриџ студија“ во чест на богатата култура и неверојатната историја на македонскиот народ – истакна Малкович.
Од Владата потврдуваат дека до нив е доставена документација за аплицирање со таков проект.
– ТХП Скопје е проект кој во моментов е во процедура за утврдување на статус на стратешки инвестициони проект за кои течат роковите за постапување согласно Законот, а процедурата и условите за добивање статус на стратешка инвестиција е иста за сите добиени барања за стратешки инвестиции – брифираат од Владата.
Оттаму не откриваат кој стои зад „Скопје технолошки парк“, меѓутоа фактот дека постои ваков проект што бара поддршка од државата дава надеж дека и Македонија може да се најде на мапата за снимање филмови од светски калибар.
Малкович најави дека веднаш ќе го посети Скопје откако Владата ќе го одобри овој проект.
– Би сакал да ги поздравам моите македонски пријатели и да ви кажам колку сум возбуден што ќе соработувам со своите колеги професионалци Д.В. Мафет и Мет Дилон на создавање филмско, музичко и медиумско студио од холивудски калибар, со сертификат за еколошка градба во Скопје. Прво студио од ваков тип на целиот Балкан – изјави Малкович за МРТ.
Тој порача дека како балканец по потекло му придава специјално значење на овој проект.
– Возбудени сме не само затоа што ќе работиме и ќе снимаме холивудски филмови во Скопје, туку ќе помогнеме уште повеќе да се зајакне балканскиот филм, како и музичките и уметничките заедници на секој можен начин. Цврсто верувам дека проектот ќе биде од клучно значење за земјата и регионот – рече Џон Малкович.
Малкович деновиве е во посета на Србија.
www.novamakedonija..com.mk
Comments