top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ќе се изненадите: Откриено колку се платени Селин Дион и Лејди Гага за настапот на отворањето на Олимпијадата во Париз

29.07.2024 juli Ponedelnik

Организаторите на Олимпијадата беа принудени да дадат изјава по тврдењата дека Селин Дион добила 2 милиони долари за да отпее само една песна на церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Париз.


Игрите технички започнаа претходно оваа недела со натпревари во машки и женски фудбал и рагби, но формалниот почеток на настанот беше означен синоќа со спектакуларна церемонија.

Годинава отворањето на Олимписките игри не се одржа вообичаено на Олимпискиот стадион, туку на брегот на реката Сена во Париз.

Францускиот претседател Емануел Макрон оваа недела ги коментираше гласините што се појавија за настапот на Селин Дион, но не потврди дали се вистинити.

Претходно оваа недела, американскиот портал ТМЗ тврдеше дека Селин Дион ќе заработи околу 2 милиони евра за настапот на церемонијата на отворање на Олимписките игри во Париз.

Организаторите сега демантираа сè и тврдат дека Селин Дион не добила ниту едно евро.

„Спротивно на она што го пишуваат медиумите, изведувачите кои ќе настапат на свеченото отворање на Олимписките игри нема да бидат платени за своите услуги. Нивната одлука да настапат во вакви услови ја покажува нивната желба да бидат дел од овој историски настан за Франција, но и за целата спортска јавност. Дополнително, Париз 2024 ќе ги покрие сите трошоци кои се од техничка природа“, се вели во соопштението на организаторите.

2 views

Comments


bottom of page