top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ќе се воведува син картон во светот на фудбалот, Озил се огласи со интересен коментар (ФОТО)

09.02.2024 Februari Petok

Веќе некое време се говори за воведување на нова санкција, нов картон во светот на фудбалот и како што стојат работите токму таква револуција може да се случи во наредниов период.

Имено најважната споредна работа на светот ќе добие син картон што ќе биде средина меѓу досега постоечките жолт и црвен картон. Според британски „Телеграф“, ИФАБ дала зелено светло за нова санкција во овој спорт, воведување на нов картон што ќе се користи во спортот од појавата на жолтите и црвените картони на Светското првенство во 1970 година. .

Револуционерниот потег ќе го објави ИФАБ како дел од син-бин протоколите според кои играчите ќе бидат отстранети од теренот на 10 минути доколку направат циничен фаул или покажат несогласување кон судијата на натпреварот.

За совршен пример за син картон е легендарниот прекршок на Џорџо Кјелини над Бакајо Сака на последното ЕП.

Два сини картони би значеле црвен, односно со ова ќе добиеме една сосема поинаква динамика.

Околу оваа информација свој коментар имаше Месут Озул кој го пецна Атлетико Мадрид.

-Ова значи дека Атлетико Мадрид ќе игра само со шест играчи, -напиша Озил.


1 view

Comments


bottom of page