top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ќе плати за потегот: Агресивниот Грин заработи суспензија од НБА лигата

Дрејмонд Грин повторно се најде во фокусот на кошаркарската јавност, а причината затоа е неговиот боречки зафат на пресметката со Минесота Тимбервулс каде без потреба го „даваше“ центарот на гостите Руди Гобер.Дрејмонд Грин повторно се најде во фокусот на кошаркарската јавност, а причината затоа е неговиот боречки зафат на пресметката со Минесота Тимбервулс каде без потреба го „даваше“ центарот на гостите Руди Гобер.

По конфликтот кој настана меѓу Клеј Томпсон и Џејден Мекдениелс, дојде до мешаница во која се истакна Грин едноставно се исклучи, направи потег поради кој беше исклучен со тоа што сега стигна и дополнителна санкција од НБА што и се очекуваше.

Борбениот Грин поради неспортско и насилно однесување е суспендиран на пет натпревари и притоа во овој перид ќе остане без 769,970 долари. Ѕвездата на Вориорс има историја со вакви или слични моменти и затоа казната е поголема и истата значи дека ќе биде во „аут“ за битките со Оклахома Сити Тандер (2), Хјустон Рокетс, Феникс Санс и Сан Антонио Спарс.

Парични казни заработи и другите инволнирани, поточно без 25.000 долари останаа Томпсон, Мекдениелс, но и Гобер кој најави жалба на одлуката.

-Секоја ситуација е различна, но за мене тоа беше повеќе од само реакција. Тоа беше личен напад. Ме казнија кога бев миротворец и избрав да ги држам рацете горе додека ме напаѓаа, срамота е. Срамно. И ќе се жалам на таа парична казна, -истакна Руди.





2 views

Comentarios


bottom of page