Search
Ќе му се исполни желбата на Швајцарецот: „Последниот танц“ на Федерер ќе биде со Надал (ФОТО)
Еден од најголемите тенисери во историјата на овој спорт, Рожер Федерер утре официјално става крај на својата кариера и тоа со настап на „Лејвер Купот“ во Лондон.
Швајцарецот отворено посочи дека идеален крај на неговото патување е да игра во двојки со Рафаел Надал, желба која дефинитивно му е исполнета. Имано Рожер и Рафа ќе ја затворат утрешната програма со битка против Американеците Џек Сок и Френсис Тиафо.
Вечервата програма почнува со мечот меѓу Енди Мари и Алекс Де Минор, а по завршувањето на истиот ќе следи последниот танц на Рожер со најголемиот негов тениски ривал и воедно пријател.
Comments