top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ќе испише историја: Педро ќе биде прв играч кој од Рома преминал во Лацио

Ветеранот Педро Родригез не е во плановите на Жозе Мурињо, а тоа како што стојат работите може да донесе испишување на нова историја во Рим меѓу големите ривали Рома и Лацио.

Имено досега никогаш не се случило (во модерната историја) еден играч од „волчицата“ да премине во таборот на „бјанкочелесите“, меѓутоа за се има првпат и ако се остварат најавите на „Калочомеркато“ напаѓачот ќе биде тој што ќе го скрши мразот.

Тренерот Маурицио Сари гледа одлично засилување во 34-годишниот Педро кој го познава од времето додека соработуваа во Челси, сезона во која офанзивецот даде 12 голови за „сините“.

Сега може да се случи Сари повторно да го има Шпанецот како опција за натпреварувачката 2021/2022. Наводно играчот го делат самот формалности од потпис со Лацио што значи дека пред нас е вистински земјотрес во италијанската престолнина.

Родригез во досегашната кариера освен за Челси и Рома го има носено дресот на Барселона.


1 view

Comments


bottom of page