top of page
Search

Ќе заокружи една деценија: Реал го продолжи договорот со играчот кој има освоено 21 титула со клубот (ФОТО)

18.07.2024 Juli Cetvrtok

Шпанскиот прволигаш Реал Мадрид ги комплетираше сите активности кога е во прашање трансферот на Килијан Мбапе, а откако тоа се заврши се фокусираше на играчите кои му дадоа многу на клубот во изминативе 10-15 години.

Прв на листата беше Лука Модриќ, новиот капитен на екипата со кого беше продолжена сорботката до 30 јуни 2025 година. Денеска пак актуелниот шпански и европски шампион објави дека нов договор има и за големиот работник, играчот кој секогаш се става во функција на тимот, Лукас Васкез.

-Многу сум среќен поради продолжувањето на договорот и ќе се видиме наскоро. Хала Мадрид, -порача Васкез кој досега за Реал има одиграно 349 натпревари, постигнато 36 голови и се има израдувано на 21 титула со клубот.

Инаку Лукас од 2015 година е во првата екипа што значи до 2025 ќе заокружи точно една деценија.


0 views

Comments


bottom of page