Ќе го задржам, благодарам! Џенифер Лопез сè уште го има прстенот од поранешниот свршеник
16.04.2021 April Petok
Џенифер Лопез сè уште го чува свршеничкиот прстен од 1,8 милион милиони долари, што го доби од својот сега веќе поранешен срвшеник Алекс Родригез. 51-годишната музичарка и актерка беше свешена со поранешниот професионален бејзбол-играч повеќе од две години пред да објави во четвртокот дека ја прекинуваат својата четиригодишна врска. Извори за ТМЗ рекоа дека Лопез ќе го задржи прстенот и покрај разделбата. Таа наводно го чува на безбедно место дома додека снима филм со Џош Духамел во Доминиканската Република. Двојката со недели ги негира шпекулациите за голема криза во врската пред да потврди дека ја раскинале свршувачката во заедничка изјава објавена во „Тудеј. „Сфативме дека сме подобри како пријатели и со нетрпение очекуваме да останеме така“, рекоа во заедничкото соопштение Лопез и Родригез. „Ќе продолжиме да соработуваме и меѓусeбно да се поддржуваме во заеднички деловни потфати и проекти“. Алекс клекна на едното колено и ја побара за жена Џенифер со импресивен дијамантски прстен со смарагди додека беа на одмор на Бахамите во 2019 година.
Comments