„Њујорк Тајмс“: Ју-Ес Опен нема да прави исклучок за Ѓоковиќ!
Новак Ѓоковиќ сосема очекувано беше поставен како прв носител на Вимблдон поради отсуствата на Данил Медведев и Александер Зверев, турнир на кој Србинот сигурно ќе ја нападне титулата.
Ноле е прв кандидат за освојување на тенискиот грен слем во Лондон, успех кој доколку го изведе, повеќе од веројатно ќе биде последен голем за него оваа година.
Србинот не настапи во Австралија поради тоа што беше протеран од државата, во Париз загуби во четвртфиналето од Рафаел Надал, а како што јавува „Њујорк Тајмс“, нема да смее да игра и во Америка.
Правилата во оваа земја велат дека право на влез на тло на Америка имаат само странски државјани кои се комплетно вакцинирани, а бидејќи статусот на Новак е добро познат, тој нема да може да влезе во Њујорк.
Угледниот „Њујорк Тајмс“ тврди дека право на исклучок може да добијат само луѓе од кои државата има посебен интерес, но одговорните лица на Ју-Ес Опен нема да прават вакво нешто за Србинот и тој ќе може да игра само доколку прими две дози вакцина.
Comentarios